Лари Кинг по 22 години брак се разведува од седмата сопруга

Американскиот телевизиски и радио водител Лари Кинг, по 22 години брак се разведува од својата седма сопруга Шенон. Неговите пријателите велат дека уште од поодамна се насетувал крајот на нивната врска.

Тие велат дека Лари во одреден период се плашел дека Шенон може да му нашети на неговото здравје. Велат и дека во 2016 година, Шенон се обидела да го изневери.

„Лари веќе подолг период  не е среќен во бракот со Шенон. Постојано се расправаа, но тој сакаше да ги заштити децата. Веќе десет години не се трпат. Дури спијат и во одводени соби“, изјавил пријателот на Лари.

Лари и Шенон се венчаа во 1997 година и имаат два сина Чез и Кенон. Во вторникот, адвокатот на Лари потврдил дека неговиот клиент ги предал документите за развод.

 

 

Текстот Лари Кинг по 22 години брак се разведува од седмата сопруга е превземен од Reporter.mk.