Лазар Ристовски се повлекува од глумата

Познатиот српски актер Лазар Ристовски во едно скорешно интервју изјави дека се повлекува од актерството, а улогата во филмот „Кралот Петар I“, најверојатно ќе биде негова последна.

„Не беше лесно да се одигра улогата на Петар. По ова, мислам дека нема да се соочам со поголем предизвик. Време е да ставам крај на кариерата“, рекол тој.

Премиерата на филмот „Кралот Петар I” е закажана за ноември. Потоа на РТС ќе биде прикажана подолга верзија на филмот, во вид на мини серија.

Текстот Лазар Ристовски се повлекува од глумата е превземен од Reporter.mk.