Лука Лазукиќ би можел да стане ријалити ѕвезда, откако дури две продуцентски куќи се заинтересирани со него да преговараат за влез во проект.
Како што пренесуваат српските медиуми, телевизија Пинк планира да му понуди дури 50.000 евра за десетдневен престој во втората сезона од ријалити шоуто „Задруга“ кое стартува од септември.
„Лука е свесен дека е во центарот на вниманието на јавноста поради скандалот со Наташа, со која е на суд. Иако тој никогаш не сакал да биде во медиумите, дури и вешто избегнувал каков било контакт со седмата сила, тој го разбира притисокот и потребата на медиумот и тој да се најде во жижата на интерес. И челните луѓе на еден ваков голем проект, како што е „Задруга“ сакаат да преговараат со него и да му понудат одлични услови. Ова не е прв пат да поранешниот маж на некоја пејачка од естрадата, својата исповед ја раскаже пред милионскиот аудиториум“, вели извор близок до Лука.
Тој вели дека Лазукиќ би имал посебен третман во овој проект.
„Неговиот аранжман би подразбирал да биде сместен во луксузен дел од „ријалити градот“, кој ова лето се шири и гради. Тоа подразбира хотелска соба, да има посебно купатило, но и право два часа дневно да користи мобилни телефони, телвизија и интернет. Би се задржал се на се десетина дена, но тоа би било и повеќе од доволно за да се постигне голем ефект“, вели соговорникот.
Медиумите се обидуваат да стапат во контакт со Лазукиќ, но тој не бил достапен за коментар. Контактирале и со негов пријател кој не сакал да се открива неговото име, но вели дека Лука со сигурност не би прифатил такво нешто.
„Наташа Беквалац го обвини Лука за семејно насилство, а тој единствено што сака е на суд да ја докаже својата невиност, па со самото тоа, него не го интересираат ријалити шоуа. Износот на парите е одличен, но чисто се сомневам дека тој би прифатил да влезе во шоуто десетина дена. Иако, не се знае, ќе видиме. Јас сум му пријател и не можам да тврдам, но знам дека него го интересира што побрзо да се разведе од Беквалац и да биде со своите деца“, вели другарот на Лука.
Сопругот на Гоца Тржан е најпознатиот маж на една пејачка кој стана сериозен ријалити играч, а кој дури и на Милјана Кулиќ и направи бебе во „Парови“. Сепак најмногу од ваков потег профитирала Кристина Кија Коцкар, жената на фолкерот Слободан Радановиќ, која влезе во првата сезона на „Задруга“ и излезе како победник.
Наташа Беквалац во петокот вечерта по втор пат настапи во престолнината на Србија и направи хаос на еден од белградските сплавови. Пејачката не изгледала никогаш поубаво и порасположена по хоророт кој и го приреди Лука, а линијата ја довела до совршенство. Публиката со нетрпение очекувала „барбиката“ од Нови Сад да излезе на бина. Таа неуморно пееше четири часа. Иако новинарите сакаа да слушнат што има да каже за тоа што Лука на сослушувањето го изнел, за тешките обвинувања на нејзина сметка, Беквалац не сакаше да зборува на та тема. Лука ја обвинил дека ноќта кога се случил инцидентот, таа била во алкохолизирана состојба, како и дека тој имал сознанија дека користела наркотици.
Текстот Лазукиќ ќе ги открие сите мрачни тајни на Беквалац за 50.000 евра? е превземен од Reporter.mk.