Светските медиуми наголемо пишуваат дека Лејди Гага е трудна, а дека татко на бебето е Бредли Купер. Тоа, според нив, е причината што Ирина Шајк неодамна го остави популарниот глумец. Магазинот „Ин Тач“ на својата насловна страница објави скорешна слика на која Лејди Гага ја држи раката преку стомакот, а раката на Бредли е преку нејзината. „Ова е знак дека Гага е трудна. Најголемиот кошмар на Ирина стана стварност“, пишува магазинот.
Светските медиуми веќе неколку месеци пишуваа дека Бредли и Гага се зближиле за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ и дека привлечноста меѓу нив се претворила во љубов. Двојката негира дека е во врска и секаде изјавуваат дека се само добри пријатели, а најавија соработка и на нов филм.
Лејди Гага пред неколку месеци ја раскина свршувачката со Кристијано Карино, а навбрзо потоа и Бредли се раздели од Ирина Шајк, со која ја има ќерката Леа.
Текстот Лејди Гага е трудна од Бредли Купер е превземен од Reporter.mk.