Лејди Гага: Експериментирав со дрога за уметнички цели

Светската пејачка Лејди Гага во новата биографија Everyone Loves When You Are Dead, која ќе излезе на 5 мај, вели дека го опишува својот живот пред да стане позната.

Гага отворено пишува за зависничкото минато. Во еден дел од книгата Гага, чие вистинско име е Стефани Џоан Анџелина Џеманота, вели дека експериментирала со дрогата за уметнички цели.

Гага вели дека на ваков чекор се решила од инспирацијата од Дејвид Боуви и Мик Џегер, пренесува „Хина“.

„Немав лошо детство. Сите работи низ кои минав во мојот живот, беа дел од мојата сопствена потрага за уметнички патувања како Енди Ворхол, Боуви и Мик“, пишува во книгата.

Текстот Лејди Гага: Експериментирав со дрога за уметнички цели е превземен од Reporter.mk.