Лејди Гага, Хери Стајлс и Серена Вилијамс ќе бидат домаќини и водители на еден од најважните модни настани во светот, „Мет гала“, што ќе се одржи догодина во мај во Њујорк. Ана Винтур, уредничката на „Вог“ и организатор на манифестацијата ја откри и темата на следната „Мет гала“: Camp: notes on fashion, инспирирана од есејот на Сузан Зонтаг од 1964 година.
„Темата за следната Мет гала претставува единствена способност за комбинирање на високата уметност и поп културата. Мет изложбата на тој начин ќе даде современа значителна перспектива за Сузан Зонтаг”, изјавил Алесандро Мишел, креативниот директор на модната куќа „Гучи“.
Гала вечерта години наназад се одржува во предворјето на музејот „Метрополитан“ во Њујорк. Влезницата за „Мет гала“ чини 30.000 долари, а одлуката за тоа кој сè може да се појави на овој настан ја донесува самата Ана Винтур.
Текстот Лејди Гага, Хери Стајлс и Серена Вилијамс домаќини на следната Мет гала е превземен од Reporter.mk.