По успехот во филмот „Ѕвездата е родена“, светската пејачка Лејди Гага повторно ќе глуми во филм. Според пишувањата на американските медиуми, таа ќе ја глуми Патриција Реџани, позната како „Црната вдовица“ и сопруга на Маурицио Гучи, поранешен шеф на прославената модна куќа.
Станува збор за приказна за жената која служеше 18 години затворска казна поради нарачување на убиството на сопругот Гучи во 1995 година во Милано. Остварувањето ќе се осврне на едно од најстрашните злосторства во Италија.
Како што пренесува „Дедлајн“, актерката уште не ја потврдила информацијата. Она што е познато е дека приказната ќе биде базирана на книгата „Куќата на Гучи: Сензационална приказна за убиството, лудилото, гламурот и алчноста“.
Лејди Гага минатата година ги освои симпатиите на публиката во филмот со Бредли Купер. По таа улога, за Гага во јавноста се шпекулираше дека е во врска со актерот.
Текстот Лејди Гага ќе ја глуми „Црната вдовица“ на Гучи е превземен од Reporter.mk.