Лејди Гага не сака да ја споредуваат со Мадона

Светската пејачка Лејди Гага не сака кога во јавноста ја споредуваат со нејзината колешка Мадона. Таа вели дека двете се различни и никогаш нема да ѝ прости затоа што ја обвинила за плагијат.

„ Ја почитувам. Таа е една од најголемите пејачки на сите времиња. Но, ние две сме сосема различни. Јас за разлика од неа свирам на многу инструменти и ги пишувам самата моите песни. Поминувам со часови во студио работејќи на мојата музика“, вели Гага.

„Не сакам да бидам безобразна, но не сакам да ме споредувате со неа, ниту со било кого“, дополнила Гага.

Тензиите меѓу двете пејачки почнаа во 2012 година, кога Мадона ја обвини Гага дека нејзината песна Born This Way, многу е слична со нејзината култна песна Exspress Yourself и ја обвини за плагијат.

Иако на годинашните „Оскари“, Мадона негираше дека се скарани со Гага, сепак многумина веруваат дека и понатаму постои риваластво и тензичност меѓу двете пејачки.

„Луѓето се прилично возбудени кога ќе слушнат дека Лејди Гага и јас сме непријателки. Но, не сме“, изјавила кратко Мадона.

 

Текстот Лејди Гага не сака да ја споредуваат со Мадона е превземен од Reporter.mk.