Лејди Гага носеше ѓердан од 5 милиони долари на „Златен глобус“

Светската ѕвезда Лејди Гага го привлече вниманието на јавноста и стилистите со својот изглед на доделувањето на филмските награди „Златен глобус“. Таа на црвениот тепих се појави во син фустан креиран од модната куќа „Валентино“ и дијамантскиот ѓердан од 5 милиони долари, што специјално за неа беше направен во „Тифани“. Ѓерданот има преку 300 дијаманти и од 20-каратен камен во средина. Освен ова Гага носеше обетки од дијаманти и платина вредни 115.000 долари и комплет дијамантски алки.

 

Лејди Гага вчеравечер освои само една награда, за оригинална песна од филмот „Ѕвездата е родена“, иако беше номинирана и во категоријата за најдобра женска улога.

Текстот Лејди Гага носеше ѓердан од 5 милиони долари на „Златен глобус“ е превземен од Reporter.mk.