Пејачката и актерка Лејди Гага (33), која неодамна беше вплеткана во разделбата меѓу Бредли Купер (44) и неговата поранешна девојка Ирина Шајк (33), деновиве се бори за правда, според „Хафингтон пост“.
Таа вети дека ќе се бори против потенцијална тужба, откако беше обвинета дека хитот „Shallow“, што го пееше со Бредли, е плагијат.
Непознат пејач, Стив Ронсен, ѝ се закани на познатата музичарка дека ќе ја тужи бидејќи му ја украла мелодијата, поточно три ноти од неговата песна од 2012 година со наслов „Almost“.
Според британските медиуми, Стив бара од Гага голема сума пари, во која се вклучени милиони евра.
Текстот Лејди Гага обвинета дека хитот со Бредли е плагијат е превземен од Reporter.mk.