Лејди Гага се соблече топлес на насловната на Elle магазинот

Пејачката Лејди Гага деновииве за потребите на филмот „Ѕвезда е родена“, позираше топлес на насловната страна на Elle магазинот.

 

View this post on Instagram

 

#ELLEWIH @elleusa

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Неодамна Гага зборуваше во јавноста и за својата борба со недостиг на самопочит. Таа на фотографиите ги има прекриено градите со рацете и ја покажа завидната линија. Фотографиите на социјалните мрежи собраа преку милион лајкови.

Филмот е на Бредли Купер кој во него дебитираше како режисер, а вели дека својата ѕвезда во истиот ја пронашол на добротворна вечера на заболени од рак, каде настапила Лејди Гага.

Откако ги отпеала неколку песни, Купер сфатил дека Гага е совршена за улогата, а пејачката набрзо потоа го поканила во нејзината куќа во Малибу за да ги договорат деталите.

„Зборувавме, јадевме шпагети и пеевме. Прифати да глуми во мојот филм под еден услов. Ми рече дека мрази сцени во кои се гледа дека глумците пејат на плејбек и дека од мене ќе создаде пејач, ако јас од неа направам актерка“, изјавил Бредли.

Актерот потоа вежбал пеење цели 18  часа по шест часа дневно. Песната од филмот „Shallow“ стигна на врвот на топ листите, а синлот во Америка е преслушан преку 8,3 милиони пати.

Текстот Лејди Гага се соблече топлес на насловната на Elle магазинот е превземен од Reporter.mk.