Пејачката Лејди Гага сподели на социјалните мрежи дека поради опасниот коронавирус сега се наоѓа во изолација. Таа вели дека ситуацијата за неа не е лесно, но најдобро нешто што сите за себе можат да го направат е да се самоизолираат и да не се дружат со луѓето кои имаат преку 65 години и да не се собираат во поголеми групи.
„Разговарав со лекарите и научниците. Оваа ситуација за мене не е лесна. Би сакала да ги посетам родителите баба ми и дедо ми, но во моментов тоа за нив не е сигурно. Сега сум дома и се дружам со моите кучиња. Ве сакам сите, ќе се извлечеме од ова. Верувајте ми разговарав со Господ и сè ќе биде во ред“, порача Гага на „Инстаграм“.
Текстот Лејди Гага во изолација – „се дружам со кучињата по дома“ е превземен од Reporter.mk.