Лејди Гага за врската со Бредли Купер – „Сè беше добро смислен план“

Пејачката Лејди Гага во своето последно интервју за познат светски магазин, откри дека не постои никаква љубовна врска меѓу неа и глумецот Бредли Купер. Таа вели дека сите нивни заеднички настапи биле однапред добро испланирани, со цел публиката да помисли дека навистина се заљубени.

„Направивме вистинска љубовна приказна со Купер. Саакавме да ги убедиме луѓето навистина да помислат дека сме заљубени. Сакавме работите да изгледаат така што и тие во театарот и оние кои го следеа доделувањето на „Оскарите“ покрај малите екрани, да ја почувствуваат емоцијата меѓу нас двајца. Многу се подготвуваме за оваа сцена и мислам дека ја постигнавме целта“, изјавила Гага.

За врската меѓу Купер и Гага со месеци се зборуваше во јавноста. Актерот поради Гага се раздели од рускиот модел Ирина Шајк. Трачевите почнаа по доделувањето на „Оскарите“ и неколкуте нивни заеднички настапи. Особено по настапите со песната „Шелоу“ од филмот „Ѕвездата се роди“. Многумина помислија дека меѓу нив двајца има нешто многу повеќе од пријателство.

 

Текстот Лејди Гага за врската со Бредли Купер – „Сè беше добро смислен план“ е превземен од Reporter.mk.