Лејди Купер не е причината за раскинувањето на Лејди Гага

Пејачката, глумица и добитничка на Оскар Лејди Гага вели дека нејзиниот партнер во филмот „Ѕвездата се роди“, Бредли Купер, не е виновен за нејзиното раскинување со нејзиниот вереник Кристијан Карино.

Гага објаснува дека позади раскинувањето не станува збор за никаков друг маж во нејзиниот живот, туку дека единствената причина била љубомората на Кристијан, кој постојано ѝ испраќал пораки и бил љубопитен за тоа што пејачката работи, со кого излегува и со кого се дружи.

Гага открива дека односот на Кристијан воопшто не ѝ се допаднал и дека тоа била единствената причина за прекинот на веридбата. И покрај желбата на обожавателите Гага да заврши на крајот со Бредли Купер, сепак пејачката вели дека од таквата врска нема ништо.

Гага објаснила во едно од своите интервјуа дека со Купер се само добри пријатели и дека актерот и режисерот нема никаква врска со прекинот на нејзината веридба.

 

 

Текстот Лејди Купер не е причината за раскинувањето на Лејди Гага е превземен од Reporter.mk.