Лекарите го разбудија Дарко Лазиќ од кома

Пејачот Дарко Лазиќ делумно е разбуден од вештачка кома вели неговиот татко за српските медиуми. Милан Лазиќ кратко изјавил дека лекарите очекуваат неговата здравствена состојба да се подобрува.

Семејството Лазиќ, вереницата и кумата Андреана Чекиќ пред новинарите излегле расположени од болницата „Земун“ во Белград.

Извор од болницата вели дека пред два дена била направена терапија за да пејачот постепено бил разбуден од вештачка кома.

„Тоа значи едка Дарко сега може се да слушне, но не може да реагира“, вели извор од болницата за медиумите.

Лазиќ пред неколку дена беше опериран и му беше извадена слезината. За него деноноќно се грижат најголемите лекарски експерти. Лазиќ по несреќата се здобил со скршена бутна коска, скршени девет ребра, пробушено белодробно крило, а бубрезите исто така полека му откажуваа.

Пејачот доживеа страшна сообраќајна незгода на 23 октомври утрото на пат кон Белград. Близок пријател до семејството вели дека најлошото поминало.

„Дури 20 до 30% од оперираните пацијенти во случај како што е со Лазиќ можат да добијат тромбоза по операцијата. Тој најлошиот дел го преживеа, но она што во моментов е најопасно е тромбозата да остане непрепозната, а тогаш може да дојде до сериозни последици. Затоа состојбата на Дарко се следи 24 часа. Ако дојде до мали проблеми, може да дојде до откажување на белите дробови или срцето и да се предизвика инфаркт“, вели изворот.

 

 

 

 

Текстот Лекарите го разбудија Дарко Лазиќ од кома е превземен од Reporter.mk.