Македонската пејачка Ленче Кукиќ победи во музичкото шоу „Никад није касно“. Таа беше најдобра според гласањето на жирито, а освои најмногу бодови ина фејсбук-гласањето.
Пејачката од Струмица прво беше прогласена за победник на „Фејсбук“. Таму беше подобра од битолчанецот Бејхан Рамов, кој претходно победи според смс-гласовите. Потоа, Ленче ја освои и наградата од жирито на шоуто. Македонската пејачка собра 172 поена, само 2 повеќе од второпласираната Милица Војиниќ од Црна Гора.
„Ова е огромна чест и среќа за мене и за моето семејство, се надевам нема да застанам тука“, рече таа откако ја доби наградата.
Ленче вечерва во финалето на шоуто ја испеа песната „Лепи мој“ од Снежана Ѓуришиќ. Таа доби бројни пофалби од членовите на жирито, пред се од Лепа Брена и Драгана Мирковиќ.
За потсетување, претходно сопругот на Ленче, Горан Кукиќ, исто така беше победник во популарното музичко шоу. Во шоуто лани победи Македонката Добрила Чабриќ.
Текстот Ленче Кукиќ победи во „Никад није касно“ е превземен од Reporter.mk.