Лео Меси се заљубил во сопругата уште кога имал девет години

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси се заљубил во сопругата Антонела Рокуцо на девет годишна возраст. Ги запознал роднина на Антонела, со кого Меси вели дека бил близок пријател и како деца заедно играле фудбал.

Фудбалерот на Барселона не сака многу да открива моменти од својот приватен живот. Иако врската ја потврдија во 2008 година, нивните пријатели велат дека никој не знае колку време се заедно.

Лео и Антонела се венчаа во 2017 година и имаат три деца. Тие станаа родители во 2012, 2015 и 2018 година. Пред да стане модел, Антонела студирала стоматологија, но никогаш не успеала да дипломира.

 

Текстот Лео Меси се заљубил во сопругата уште кога имал девет години е превземен од Reporter.mk.