Глумецот Леонардо Ди Каприо и режисерот Мартин Скорсезе ќе работат заедно на серијата „Ѓавол во белиот град“. Ди Каприо нема да глуми во серијата, туку ќе биде продуцент. Според „Индепендент“, Скорсезе планирал да ја сними серијата според книгата на Ерик Ларсен уште во 2003 година, но дека вистински ѝ се посветил во 2016 година. За сега не е познато кој ќе глуми во серијата.
Приказната се одвива во 1893 година и се преплетуваат приказните на двајца мажи: Даниел Х. Бурнам, архитект и урбанистички дизајнер кој работи на Светскиот саем во Чикаго и Хенри Холмс, харизматичен доктор, измамник, бигамист и сериски убиец кој ќе привлече околу 27 и 200 жртви во својот детално осмислен „замок на убиства“.
Скорсезе и Ди Каприо ќе работата заедно и на филмот Killers of the Flower Moon, адаптација на романот на Дејвид Грин, кој раскажува за низа убиства во индијанското племе Осага во Оклахома во 20те години на 20 век, откако на нивната земја беше пронајдена нафта. Случајот се смета за прва истрага за убиства на ФБИ.
Текстот Леонадро Ди Каприо повторно ќе снима со Мартин Скорсезе е превземен од Reporter.mk.