Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ќе мора да го врати Оскарот што пред неколку години го добил на подарок од малезискиот бизнисмен Џо Лоу. Оскарот му припаѓал на Марлон Брандо, а бизнисменот го купил на аукција за 600 000 долари. Освен статуетката што му припаѓала на Брандо, холивудскиот актер добил и други подароци од бизнисменот, вклучувајќи и слика од Пабло Пикасо и колаж од Жан Мишел Баскија.
Според „Њујорк тајмс“, малезискиот бизнисмен е обвинет заедно со поранешниот премиер на Малезија, Најиб Резак, за злоупотреба од милијарда долари. Познатиот весник пишува дека Лоу е во бегство, а наводно се крие во Кина, заштитен од тамошните власти.
Текстот Леонардо ди Каприо мора да го врати Оскарот е превземен од Reporter.mk.