Лепа Брена со парите од „Гранд“ ќе почне со производство на свое вино

Пејачката Лепа Брена со заработката од продажбата на „Гранд продукција“, планира да почне со производство на свое вино. Таа вели дека заработила повеќе од 15 милиони евра, но парите не ги ставила во банка.

Брена вели дека ги вложила во нов бизнис со сопругот Боба Живојиновиќ и заедно имаат во план да развијат винарија и да создадат нова врста на вино. Станува збор за розе вино, со боја на лосос, кое според Брена ќе биде првенствено наменето за жените.

„Слушнавте за мене дека ќе правам свое вино. Да вистина е. Но, малкумина знаат дека јас уште во далечната 1986 година почнав со брендирање на мое вино, со име „Лепа Брена“. Денеска благодарение на мојот сопруг ќе имат можност повторно да почнам со ново. Се надевам дека ќе им се допадне на дамите“, открила Брена.

 

Текстот Лепа Брена со парите од „Гранд“ ќе почне со производство на свое вино е превземен од Reporter.mk.