Личните работи на Кит Флинт се продадени на аукција

Голем број скапоцени работи на музичката ѕвезда од груапта „Продиџи“, Кит Флинт, беа продадени на аукција, како би се подмириле неговите долгови, пишув „Скај њуз“.

Флинт почина во март годинава на 50 годишна возраст во неговиот дом. Музичарот зад себе оставил долгови од речиси осум милиони евра. Меѓу скапите работи кои беа продадени, беа неговиот прстен, кој беше даден за цена од 2500 евра и неговите три освоени МТВ награди кои беа продадени за 19.000 евра. Меѓу предметите на аукцијата можеше да се најде и неговиот кревет, кој беше продаден за цена од 10.000 евра.

Сите негови лични работи се продадени во вредност од речиси половина милион евра. На аукцијата учествувале обожаватели од речиси цела Европа. Некои од работите беа продавани и преку интернет.

Во последните две години од животот Флит заработил околу 1,5 милиони евра, поради албумот на неговата група „Продиџи“, кој седум пати по ред беше прв на британската топ листа.

 

Текстот Вредните работи на Кит Флинт се продадени на аукција е превземен од Reporter.mk.