Лидија повторно ќе го чека министерот во Македонија

Српската хит-комедија „Чекајќи го министерот“, во која главната улога ја има Лидија Вукиќевиќ, повторно ќе игра во Македонија. Во февруари се закажани две претстави, во Охрид и Куманово. Претставата на 25 февруари ќе биде поставена во Театар Куманово, а на 29.02 во Центарот за култура во Охрид.

Освен Вукиќевиќ, во комедијата глуми и Семир Ѓичиќ, а овој пат втората машка улога ќе ја игра македонскиот актер Сашо Ристовски.

Од „Театар комедија“, кои ја носат популарната престава во Македонија, велат дека оваа претстава ќе игра и во март во неколку града низ земјава.

Текстот Лидија повторно ќе го чека министерот во Македонија е превземен од Reporter.mk.