Српската глумица Лидија Вукичевиќ за српски „Пулсонлајн“, изјавила дека повторно е заљубена, но не сака да го открие својот нов партнер. Вели дека тој е вистинскиот за неа поради критериумите кои таа си ги имала. Не е некоја преодна љубов.
„Јас сум секогаш заљубена. Јас морам да бидам заљубена. Мене љубовта ми е на прво место, па се друго. На некого му е работата. Се разбира дека и јас сакам да работам, но љубовта ми прави се. Без љубов не би можела да живеам. Но, се разбира вистинската. Не само да бидам заљубена. Не како некој познанички кои ми викаат, знаеш јас секогаш имам дечко. Јас им одговорам дека имаат затоа што немаат критериуми. Која секогаш има дечко. Таа која нема критериуми. Јас имам партнер. Не го кријам, но мислам дека нацијата не сака премногу да знае за него“, вели Лидија.
Лидија проговори и за идните снаи. Вели дека нема да има проблем со нивната националност или боја на кожа.
„Може да се ожени со кого сака. Не ми е важно дали ќе биде србинка, кинеска, бела или црна. Мене секогаш ми е најважна љубовта. Ако има љубов има се. Само го советував дека не треба да живее во брак, ако нема љубов. Мислам дека тоа е губење на време“, откри Лидија.
Текстот Лидија Вукичевиќ повторно заљубена е превземен од Reporter.mk.