Лидија Вукичевиќ освен по улогата на Лидија Попадиќ во серијата “Подобар живот“, многумина ја памтат и како Лилика во филмот “Жикина династија“.
Седмото продолжение на “Луди години“ е снимано во 1985 година, со Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ во главни улоги. За потсетување, во овој филм, Жика се обидува на својот внук Миша да му ја намести Лилика, пејачка на почеток на кариерата, која ја игра токму Лидија. Иако се работи за комедија во неа имаше и провокативни и секси сцени кои актерката не ги памти по добро.
„Толку пролиени солзи пред самото снимање. Ми беше непријтно. Почнав да играм пред Миша, кој го играше Никола Којо, а режисерот ми рече: ‘Сега, треба да се соблечете’. Му реков: ‘Не треба да се соблечам, не се согласивме така во договорот’. Јас во тоа време бев многу млада. Тоа беа моите почетоци и јас од почетокот се држев до некои мои ставови. Но, во исто време, ми беше непријатно од Јелена Жигон, Марко Тодоровиќ, големиот Гидра, режисерот, директорот на фотографијата, сите големи имиња и јас се спротивставив на тоа. Покрај тоа, јас бев добро образована, затоа и ми беше непријатно да ме чекаат. Отидов во соблекувалната и почнав да плачам. Јелена Жигон ми рече дека направив добра работа“, раскажла Лидија.
Текстот Лидија Вукичевиќ за секс сцените во “Жикина династија“: Многу плачев, ме тераа да се соблечам е превземен од Reporter.mk.