Ѕвездата на филмовите The Hunger Games, Лијам Хемсврот, кој по 10 години се раздели со пејачката Мајли Сајрус, објави емотивна порака во која наведе дека не лут и дека ѝ посакува сè најдобро во животот.
Всушност, австралискиот актер (26) и пејачката Мајли Сајрус (26) се разделија по 10-годишна врска и по помалку од година дена брак.
Лијам деновите не сакаше да коментира ништо пред медиумите за нивниот развод, но сега се одлучи да го прекине молчењето.
„Здраво на сите. Само сакав кратко да ви се обратам и да ви кажам дека јас и Мајли неодамна се разделивме и дека ѝ посакувам многу здравје и среќа во следниот период“ – напиша актерот на својот инстаграм-профил.
Тој додаде дека тоа што се случило помеѓу нив е приватна работа и дека за тоа нема да зборува пред ниту еден медиум.
„Сите извештаи во кои се наведува дека се мои изјави, се лажни. Љубов и мир“ – порача актерот на крајот од пораката.
За време на викендот се објави вест дека парот не е повеќе заедно и со неверојатна брзина се најде на сите насловни страници на светските медиуми. Медиумите објавија и фотографии како Мајли се бакнува со својата девојка на одмор.
Текстот Лијам Хемсворт не жали што се разделиле со Мајли Сајрус е превземен од Reporter.mk.