Кети Пери направи средство за дезинфикација на рацете со нејзиниот лик. Таа се пофали со својот нов производ на „Фејсбук“.
„Сонував за овој производ три недели и на крајот успеав да го направам“, напиша пејачката на „Фејсбук“.
Пејачката подоцна се јави во емисијата „Американски идол“. Водителот ѝ го пофали производот и порача сите да го користат за да бидат безбедни.
„Само сакам да се погрижам „Американски идол“ да биде безбеден колку е можно повеќе“, изјави водителот Рајан Сикрест.
Инаку Кети неодамна потврди дека со нејзиниот вереник и глумец Орландо Блум го чекаат своето прво дете. Потоа на „Инстаграм“ на интересен начин го откри полот.
„Девојче е“, напиша Кети на фотографијата на која Блум позира, покриен со розев шлаг на лицето.
Кети и Блум оваа година планираа да направат свадба во Јапонија, но поради коронавирусот, мораа да ја одложат. Не се сигурни кога ќе се случи свадбата, но велат додека пандемијата со вирусот не се смири таа не им е во план. Тие велат дека не сакаат пријателите и семејството ги доведат во опасност.
Текстот Ликот на Кети Пери на средство за дезинфекција за раце е превземен од Reporter.mk.