Бразилскиот супермодел Адријана Лима ја имаше својата последна модна ревија за Викторија Сикрет. По 18 години соработка, 37-годишната манекенката не можеше да ги задржи солзите додека чекореше по пистата.
Веста дека Адријана се повлекува од модните писти првпат одекна беше објавена во вторникот, откако нејзината колешка Џорџија Фовлер случајно ја откри информацијата, по што Лима ги потврди шпекулациите на нејзиниот инстаграм-профил.
„Драга Викторија, фала ти што ми го покажа светот, што ми ги сподели тајните и најважно од сè што не ми даде само крилја туку и ме научи да летам. Цела љубов кон најдобрите фанови на светот, ве сака Адријана“.
Лима за првпат зачекори на модното шоу на Викторија Сикрет во 2000 и беше еден од најпознатите манекенки на брендот.
Текстот Лима со солзи на последната ревија на Викторија Сикрет е превземен од Reporter.mk.