Лина Пејовска: „Ќе заспиев на снимање“

Поп-пејачката Лина Пејовска сними видео за песната „Нема“, што ја испеа на годинашниот „Макфест“. Таа за „Репортер“ раскажа дека снимањето било многу напорно, оти се одолжило до рано наутро и дека за малку ќе заспиела. Рече и дека е среќна што направила спот по свој вкус, кој истовремено ѝ се допаѓа и на публиката.

„Снимањето траеше цел ден. Беше забавно, ама и напорно. Целата екипа беше добро расположена, па затоа уживав. Снимавме до рано наутро и веќе ни се спиеше на сите, а фалеше уште само една сцена. Е тогаш се напив енергетски пијалак, се расонив и за 10 минути бев како приклучена во штекер“, ни рече Лина.

Музиката за баладата ја направи Дарко Димитров, а текстот е на Огнен Неделковски. Видеото го сними „Фабрика продукција“.

Ова е втора песна што Лина ја пее на „Макфест“.  Таа лани беше дебитант и ја испеа песната „Ако ме сакаш“. Регионалната публиката, пак, ја запозна Лина пред две години кога пееше во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.

(А.Ј)

Текстот Лина Пејовска: „Ќе заспиев на снимање“ е превземен од Reporter.mk.