Македонската пејачка Лина Пејовска се натпреварува во хрватското музичко шоу „Ѕвезди – летен хит“. Таа во првиот круг ја пееше евровизиската песна My Number One од Хелена Папаризу и ги воодушеви членови на жирито, меѓу кои се и Тончи Хуљиќ, Петар Грашо и Нина Бадриќ. Тие не штедеа комплименти за настапот на Лина, а Тончи на 16-годишната пејачка ѝ рече дека е совршена. Пофалби не штедеше ни Андреа Андерсај. „Те гледав со подзината уста. Ти си врв“, ѝ рече таа на македонската пејачка.
„За учество во музичкото шоу се пријавија преку 2000 кандидати, а влегоа само 60, меѓу кои и јас. Во првиот круг поминав одлично, добив преубави коментари од жирито и затоа сум презадоволна од мојот настап“, рече Лина за „Репортер“.
Јавноста во регионот ја запозна Лина по учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Од неодамна таа снима преработки на светски и балкански хитови, а нејзините видеа имаат преку 2 милиона прегледи на „ЈуТјуб“.
Текстот Лина Пејовска растури во популарно хрватско музичко шоу е превземен од Reporter.mk.