Линда Хамилтон отворено за двата пропаднати брака и апстиненцијата од глумата

Актерката Линда Хамилтон во пресрет на новото продолжение на култниот филм „Терминатор“, Terminator: Dark Fate, проговори за двата свои пропаднати брака и нејзината апстиненција од филмската сцена.

„Во светскиот џет-сет сум најмалку 15 години. Човек престанува да брои затоа што едноставно е неважно. Или е барем неважно само за мене. Мене ми е сеедно. Секој ден имам романтична врска во својот свет и луѓето со кои сум опкружена“, изјавила Линда за The New York Times.

Денес 71 годишниот Шварценегер и 62 годишната Линда повторно ќе глумат заедно. Многумина веруваат дека актерката на сите можни начини се обидува да се промовира себе си и новото продолжение на филмот.

Хамилтон денес живее мирен и повлечен живот во Њу Орлеанс со двете нејзини кучиња миленици. Од 1982 година до 1989 година, таа била во брак со Брус Абот, кој ја оставил додека била бремена со нивниот син Далтон.

Во 1991 година почнала да живее со режисерот на „Терминатор“ Џејсон Камерон, набрзо откако тој се развел од Кетрин Бегелоу. Двојката ја има ќерката Џозефина, која е родена 1992 година. Четири години подоцна, двајцата се венчале, а нивниот брак траел две години. Нивниот развод чинел 50 милиони долари.

Линда подоцна признала дека имала биполарно пореметување и дека пати од депресија, што довело до крах на двата нејзини брака, а проговорила и за тоа дека имала суицидални мисли од првиот брак.

Актерката доживеала и трајно оштетување на слухот за време на снимањето на „Терминатор 2“, кога почнала да пука во лифт без слушалки. Во некои случаи истакнала дека е осамена, но смета дека на светот не постои личност која толку ужива во самотијата како таа.

 

35 години по прикажувањето на првото продолжение на франшизата „Терминатор“, која ги прослави Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон, главните јунаци од култниот филм на есен ќе ги гледаме во новото продолжение на Terminator: Dark Fate.

 

Текстот Линда Хамилтон отворено за двата пропаднати брака и апстиненцијата од глумата е превземен од Reporter.mk.