Aмериканската глумица Фелисити Хофман, која се прослави со улогата на Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“, е осудена на 14 дена затвор заради вмешаност во аферата со давање поткуп за прием на нејзината ќерка на колеџ. Хофман освен што ќе оди во затвор, ќе треба да плати и 30.000 долари парична казна, а доби и 250 часа општествено корисна работа и една година надзор.
Федералниот суд во Бостон ја осуди актерката вчера, откако таа претходно во мај ја призна вината за делото измама. Таа призна дека во 2017 година платила 15.000 долари за консултант на колеџот да ги преправи одговорите на приемниот испит на нејзината ќерка.
Фелисити Хафман е една од вкупно 34 обвинети родители во оваа афера. Мегу нив е и глумицата Лори Лофлин од серијата „Полна куќа“. Фелисите е и првата на која ѝ е изречена казна.
Текстот Линет Скаво од „Очајни домаќинки“ е осудена на казна затвор е превземен од Reporter.mk.