Лиса Кудроу не сакала да се гледа како глуми во серијата „Пријатели“

Актерката Лиса Кудроу, позната од серијата „Пријатели“, откри дека за време на снимањето кај неа се развило пореметување поради кое не сакала да се гледа себе си во улогата на Фиби.

Низ годините таа ја криела својата болка. Лиса во реалниот живот не е истата како и Фиби од серијата. Актерката имала многу малку самопочит и вели дека со тешкотија секој пат одела на снимање.

Лиса открила дека имала проблем да ги гледа своите фотогафии во списанијата и кога се појавува на телевизија. Тоа било последица на пореметувањето кое го развила додека ја снимала серијата.

Прво мислела дека е огромна во споредба со Џенифер Анистон и Кортни Кокс.

„Бев повисока и поголема. Покрај нив се чувствувал како планина“, изјавила Лиса.

Актерката секогаш и било непријатно за време на снимањата, па одлучила да се вклопи во стандардите на Холивуд. Почнала многу брзо да ја губи тежината. Телесниот дисморфно пореметување ја спречило да види колку ослабела. Губењето на килажата и донело и здравствени проблеми.

„Непрекинато се разболував. Постојано имав настинки, инфекции на синусите“, изјавла Кудроу.

Кога заврши со снимањето со „Пријатели“, Лиса била емоционално уморна и одлучила никогаш да не ја гледа серијата. Тоа било начин да се заштити од пореметувањето кое и донело толкава штета.

„Можеби нема да си се допаднам самата на себе си, па не сакам да ризикувам“, изјавила Лиса.

„Секој ден се борам самата со себе. Нешто ме клопка во стомакот и ми вели дека не заслужувам никој да ме види“, изјавила Лиса.

Петнаесет години по крајот на снимањето, Лиса развила здрава врска со своето тело. Сега има 55 години и одлично се носи со стареењето.

Текстот Лиса Кудроу не сакала да се гледа како глуми во серијата „Пријатели“ е превземен од Reporter.mk.