Љубовната приказна на Кристијан Бејл и Сандра Блажиќ е како романтична комедија

Светските таблоиди пишуваат за убавата Србинка Сандра Сиби Блажиќ, која успеала да го заведе савниот актер Кристијан Бејл, познат по улогата Бетмен. Пишуваат дека нивната љубовна приказна наликувала како романтична комедија. Кристијан Бејл веќе со години успешно го крие приватниот живот од јавноста.

Малкумина знаат дека Бејл веќе 10 години е во брак со Сандра, некогашната манекенка од српско потекло, родена во Чикаго. Нејзиното семејство на крајот на шеесетите години од Југославија, емигрирало во Америка.

Сандра е родена во 1970 година во Чикаго, дипломирала на менаџмент на Универзитетот Јужна Калифорнија, а повремено работи и како манекенка. Таа раскажува за тоа како го запознала Бејл и дека нивната љубовна приказна наликува на сценарио од класична холивудска романтична комедија.

Но, Винона и Кристијан останале добри пријатели. На крајот на деведесетите години, Бејл на една забава која ја организирала Рајдер ја запознал личната асистентка на Сандра Блажиќ. Таа на Винона и помогнала за снимањето на филмовите Girl, Interrupted и Autumn In New York.

Сандра и Бејл кој е четири години помлад од неа, брзо станале неразделни, а се венчале во 2000 година во Лас Вегас. Две години по свадбата тие се преселиле во Единбург, а потоа се преселиле во Лос Анџелес, каде купиле куќа во која живеат со нивната ќерка Емелин и кучињата Моџо и Рамон.

Во едно од своите ретки интервјуа во кои говори за својот приватен живот, Кристијан Бејл за лондонскиот весник „Дејли мејл“ сликовито ја опишал својата сопруга.

„Мојата сопруга е многу силна жена. Таа е неверојатно силна и не трпи било какви глупости. Затоа ја сакам. Моето однесување дома зависи од тоа која улога во моментот ја играм. Но, на Сиби тоа и се допаѓа и мисли дека е навистина кул. Тоа можете да го набљудувате на два начина. Од една страна, некој би рекол: „Јадна жена, мора да се носи со тоа“, а можете и да ѝ завидите и да ѝ кажете: „Каква среќница, во исто време може да биде со толку различни мажи“, изјавил Кристијан Бејл.

Нивниот брак сепак не бил така идиличен како што би можело да се заклучи. Пред се тоа е поради природниот и пргав карактер на Бејл. Како што велат нивните пријатели, Сандра често се наоѓа во незгодна ситуација и мора да пронајде начин да го смири својот сопруг кој е склон на неконтролирани изливи на бес.

Тоа најдобро можело да се види во јули 2008 година, кога Кристијан во пресрет на лондонската премиера на филмот The Dark Knight, „Темниот витез“, жестоко се скарал со мајкаму Џени и неговата сестра Шерон. Наводно повод за расправијата било тоа што Џени зборувала лошо за Сандра, а се зборува дека масло на огнот додала и Шерон, која од својот брат побарала позајмица од 150.000 евра.

Семејната расправија завршила така што мајката на Бејл и неговата сестра буквално ги исфрлил од својата хотелска соба, поради што неколку часа минал во притвор во лондонската полиција. Сепак обвинувањата за физички напад биле отфрлени, а познатиот актер од тогаш непрекинато е во контакт со неговата мајка и сестра.

 

Текстот Љубовната приказна на Кристијан Бејл и Сандра Блажиќ е како романтична комедија е превземен од Reporter.mk.