Љубовницата на Безос го чинеше милијардерот повеќе од 40 милијарди евра

Љубовницата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, го чинеше милијардерот повеќе од 40 милијарди евра. Безос кој е сопственик на компанијата „Амазон“ и кој во моментов тежи 145 милијарди долари, пред да почне да излегува со познатата водителка Лорен Санчез, беше оженет со Мекензи Безос.

Двојката минатата година во јули објави дека ќе се разведат по 25 години брак. Двајцата објавија дека ќе продолжат да бидат пријатели. Истиот ден Безос ја обелодени врската со 50 годишната Лорен Санчез.

Мекензи со разводот доби 25% од акциите во „Амазон“. Тој удел се проценуваше на околу 40 милијарди евра, што беше доволно да ја пласира Мекензи на листата најбогати жени според „Форбс“.

Безос и Лорен се криеја од јавноста година дена, а всушност биле соседи, затоа што Санчез и нејзиниот претходен сопруг Патри Вајтсел, имале куќа во близина на Безос и биле куќни пријатели.

Новинарите од National Enquiper ги следеле 12 месеци, а Безос не бил скромен во периодот додека бил со Лорен. Тие заедно патувале со приватен авион, се возеле со лимуѕина, оделе на излети со хеликоптерот со кој управувала Санчез и отседнувале во најелитните хотели. Беа објавени и некои од експлицитните пораки кои тој и ги испраќал

Во нив можеше да се прочита дека Безос буквално ја изгубил главата по телевизиската водителка на „ТВ Фокс“, а денес сопственичка на филмска компанија и компанија за хеликоптери. Двајцата биле и деловно компатибилни, тој ја покрена компанијата Amazon Prime, интернет филмската платформа.

Очигледно е дека Безос ги бира жените според нивните биснис афинитети. Претходно тој беше во брак со Мекензи, која ја запознал во Њујорк. Средбата не била толку романтична, откриле тие во јавноста.

Се сретнале далечната 1992 година, кога тој за првпат ја интервјуирал, за време на разговор за работа во месојаден фонд DE Shaw. Таа била млада научна соработничка, а тој потпретседател во компанијата. Таа имала 22 години, а тој 29.

„Мислам дека мојата сопруга е паметка, снаодлива и многу згодна, но ништо од тоа не би вредело, ако немав можност да ги видам нејзините тестови кои ги решаваше додека аплицираше за работа, се пошегувал Безос во едно од своите интервјуа, кое во 2013 година го дал во разговор за „Вог“.

Откако била примена, Мекензи, добила канцеларија во близина на Безос.

„По цели денови ја слушав неговата заразна насмека. Кој не би се заљубил во таква насмевка?“, открила Мекензи во еден од своите интервјуа, за начинот на кој Безос ја шармирал. Сепак тој не бил иницијатор на нивниот прв состанок.

„Јас го повикав на ручек и така почна целата работа. Тоа беше експресно заљубување. Излегувавме три месеци и потоа се веривме. Се венчавме шест месеци подоцна. Вистински темперамент на јужначки луѓе. Јас сум родена во Сан Франциско во Калифорнија, а тој во Албакерки во Ново Мексико“, изјавила Мекензи.

Таа била првата која ја откри идејата за првата интернет книжара во светот, која ќе прерасне во една од најмоќните компании на сите пет континенти, со вкупно 575.000 луѓе. Двајцата набрзо потоа го напуштиле своето сигурно работно место во њујоршкиот фонд и Безос, својот бизнис го почнал во гаража во Сиетл.

Таа 1994 година, додека Мекензи го возела во возилото, од едниот крај на Америка до другиот, Џеф на својот лаптоп го пишувал деловниот план и почнал да ги повикува можните инвеститори.

Мекензи била една од првите вработени во мала компанија, во која на почетокот работеле само четворица луше, а таа била сметководител.

Кога е во прашање работата, секогаш размислувам со ладна глава, но кога го слушнав со колкава страст зборува за својата идеја, морав да го поддржам“, изјавила Мекензи.

Наредните пет години двајцата живеат во еднособна куќа, а пред разводот имале пет, на најелитните места во светот. До 2013 година, Мекензи, самата ги носела своите четири деца во школо. Двојката тогаш имале три момчиња и едно девојче кое го посвоиле во Кина.

Џеф, кога не работел во „Амазон“, помагал во семејната компанија, која имала застапништво за автомобилите „Хонда“. Кога веќе имал милијарди, тој сеуште возел „Хонда Акорд“, од 1996 година. Многумина го сметале за чудак, но нивниот семеен пријател Дени Хилс, еднаш изјавил дека Безоси се ненормално нормално семејство.

„Џеф никогаш не договара деловни состаноци наутро, затоа што тоа е единствениот дел од денот кога семејството е заедно. Се трудам да подготвува здрави доручеци, а по дружењето на масата, децата ги носам во школо. Џеф доаѓа на работа каде подоцна и јас му се приклучувам“, вели Мекензи, опишувајќи го нејзиниот работен ден.

А, ако не купувале на скапоцени автомобили и јахти, поранешната двојка Безос, своето богатство го трошеле на школување на нивните деца.

 

„Им понудивме сè што мислевме дека може да ги интересира. Едукативни патувања за време на школските празници, учење на јазици, одгледување на пилиња во инкубатор, полагање на посебни програми по математика во Сингапур, а членови се и на бројни спортски клубови. Многу се дружат и играат со другите деца од соседството“, изјавила Мекензи.

Покрај семејните и деловни обврски, Мекензи има напишано и две книги. Тоа и било желба од детството, кога била срамежлива девојка, која воглавно деновите ги минувала дома пишувајќи книги. Првата книга од 140 страници никогаш не ја објавила, затоа што ѝ се уништила во една поплава.

 

 

Текстот Љубовницата на Безос го чинеше милијардерот повеќе од 40 милијарди евра е превземен од Reporter.mk.