Ивона Неговановиќ Цуца, која тврди дека со години му била љубовница на Шабан Шаулиќ и дека му родила син, бара дел од богатството на починатиот пејач. Таа во интервју за српски „Свет“ открила дека 15 години била во врска со пејачот.
„Шабан само покрај мене чувствуваше што е вистинско семејство. И ние имаме право на наследството. По неговата смрт ми остана само мало суштество кое ме теши“, рекла Цуца.
Таа додала дека редовно го посетува гробот на Шабан и го чека денот кога ќе умре за да биде закопана покрај него.
Популарниот пејач, кого јавноста го нарекуваше крал на народната музика, почина во сообраќајна несреќа во Германија на 17 февруари.
Текстот Љубовницата на Шабан Шаулиќ бара дел од богатството за нејзиниот вонбрачен син со пејачот е превземен од Reporter.mk.