Дарко Спејко и Љупка Митрова деновиве прославија годишнина од својата врска, па објавија и видео на „Инстаграм“ во кое ја раскажаа нивната љубовна приказна.
Иако периодов на големо се зборува дека планираат да влезат во реалното шоу „Задруга”, Спејко, некогашен победник на „Големиот брат“, вели дека работата е поинаку.
„Поминаа три години од мојата победа во ‘Големиот брат’ и сметам дека ниту едно реално шоу кое излезе по него не може да ја надмине неговата популарност и гледаност. Во моментов не сум расположен за реалити кариера, а кога би ми понудиле 100 илјади евра можеби и би се премислил”, вели Спејко.
Текстот Љупка и Спејко за 100 илјади евра во „Задруга“ е превземен од Reporter.mk.