Лори Лофлин се подготвува за во затвор

Глумицата Лори Лофлин од хумористичната серија „Полна куќа“ и нејзиниот сопруг, се подготвуваат за подолг престој во затвор, пишуваат светските медиуми. Двајцата се обвинети за мито во висина од 500.000 долари кое го дале во 2016 и 2017 година, за да може нивната ќерка да се запише на престижен универзитет.

Во аферата беше уапсена и нејзината колешка Фелисити Хофман од серијата „Очајни домаќинки“, која исто како и Лори, со мито сакала да ја запише ќерка ѝ на престижен универзитет.

Магазинот „Пипл“ пренесува дека Лофлин е свесна дека ја чека голема затворска казна и дека веќе се подготвува за животот зади решетки. Нејзин близок пријател вели дека таа ја нема изгубена целата надеж и дека сеуште постои шанса, таа и нејзиниот сопруг да бидат ослободени.

„Лори сака да биде подготвена за секоја можна ситуација. Таа ангажираше и експерт за помош кој ја советува и ја запознаа со околностите во затворот и начините на кои таа ќе треба да ја преживее и надмине новата ситуација“, изјавил извор близок до глумицата за американските медиуми.

Нејзината ќерка Оливија, на почетокот им била љута на родителите и ги обвинила за скандалот. Таа изјавила дека се чувствува како жртва и се повлекла од социјалните мрежи, но подоцна сепак објавила фотографија со мајка ѝ во која и го честитала роденденот.

 

Текстот Лори Лофлин се подготвува за во затвор е превземен од Reporter.mk.