Ловато знаела каква дрога конузмира пред да се предозира

Пејачката Деми Ловато знаела за типот на дрога кој го зема пред да се предозира тврди нејзиниот дилер Брендон Џонсон.

Тој во јавноста не прецизираше за каков тип на дрога станува збор, но од тоа што му е познато вели дека најверојатно станува збор за оксикодон помешан со фентанил. Оваа супстанца често знае да биде кобна за оние кои ја конзумираат.

Ловато му испратила порака на Брендон на 24 јули да се сретнат во четири часот наутро“, пренесува ТМЗ. Пејачката набрзо потоа заврши во болница.

Брендон открива дека Ловато и претходно конзумирала и посилни дроги. Тој тврди дека сакала да се опушти од преголемиот стрес кој го трпела поради нејзината музичка кариера.

„И претходно имаше стресни денови, па сакаше да се опушти. Сигурен сум дека знаеше што конзумира. Додека бев со неа таа беше добро. Беше малку пијана, но ништо невообичаено. Кога си заминав, таа спиеше. Веројатно се онесвестила во периодот од 7 до 8 часот утрото“, изјавил Брендон.

Нејзината асистентка ја пронашло Ловато онесвестена во нејзиниот дом околу 11 часот. Веднаш повикала брза помош, која ја однеле во болница. Откако ја стабилизирале, пејачката заврши на клиника за рехабилитација.

„Тоа беше нејзиниот повик за будење. Ловато ги отвори и моите очи. Дрогата е забавна, но може да биде и штетна. Се надевам дека се ќе биде во ред со Деми“, изјавил Џонсон.

По предозирањето Ловато преку социјалните мрежи и се обрати на фановите ѝ се заблагодари за нивната поддршка.

„Вашите позитивни мисли и молитви ми помогнаа да ги пребродам овие тешки времиња“, напиша Ловато.

 

Текстот Ловато знаела каква дрога конузмира пред да се предозира е превземен од Reporter.mk.