Традицијата британското кралско семејство за Божик да се мери на вага пред и по вечерата не е единствената чудна работа што се случува за време на празниците, туку постојат и строги правила за божикното дарување што ги пропишала кралицата Елизабета Втора.
Наместо отворање на подароци на божикното утро, кралското семејство ги отвора подароците точно во 18 часот на Бадник.
„Попладневен чај, а потоа отворање на подароците на бадниковата вечер, како во германската тардиција“, откриле од кралското семејство.
При отворањето на подароците мора да се почитуваат правилата на кралицата. Никој не смее да го види својот подарок пред тоа да го дозволи принцот Филип (97), сопругот на Елизабета Втора. Освен тоа, подарокот мора да интересен и не смее да биде скап, туку се водат од мотото „што поевтино, тоа подобро“.
Изминатите години, членовите на кралското семејство се потрудиле околу тоа подароците да бидат забавни. Принцот Хари ја дарувал кралицата со капа со натпис „Нели животот е кучка“, а Кејт Мидлтон на Хари, пред тој да се запознае со Меган, му подарила „прибор за одгледување на девојки“.
Текстот Луди подароци за Божик во кралското семејство е превземен од Reporter.mk.