Луис Хамилтон е најдобар спортист во Европа

Новинарите го избраа британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, за најдобар спортист во Европа. Ова беше традиционален 62. по ред избор на новинарските агенции. Во гласањето што го организираше полската новинарска агенција, Хамилтон беше подобар од тенисерот Рафаел Надал, кој имаше 11 бодови помалку, и скијачот Марсел Хиршер.

Минатогодишниот освојувач на наградата, Новак Ѓоковиќ, овој пат беше на четвртото место. По него се Вирџил Ван Дајк, Марк Маркез… Во првите 20 се и фудбалерите Лука Дончиќ (16 позиција) и Кристијано Роналдо (18 место).

Текстот Луис Хамилтон е најдобар спортист во Европа е превземен од Reporter.mk.