Славниот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, изјавил дека одбил примамлива улога во филмот „Топ Ган“. Во интервју за спортскиот канал „ЕСПН“, Британецот изјавил дека иако сакал да глуми со Том Круз, тој морал да ја одбие улогата поради густиот распоред.
„Сакав, многу сакав. Имав и можност, но ете, не можев да снимам“,изјавил Луис кој се откажал од идејата да глуми во „Топ Ган“.
Хамилтон веќе некое време размислувал да ја промени кариерата и покрај возач, да се проба и како актер.
„Не знам дали ќе бидам добар глумец, но знам дека ќе се обидам еден ден. Гледам толку луѓе во филмовите, а не се толку добри. Знам дека ќе се трудам многу да научам и да ја совладам и оваа вештина“, изјавил Хамилтон.
Текстот Луис Хамилтон одбил улога во „Топ Ган“ е превземен од Reporter.mk.