Починатиот актер Лук Пери, познат по улогата на Дилан од серијата „Беверли Хилс“, направил тестамент во кој целото свое богатство го оставил на своите деца, ќерката Софи (18) и постариот син Џек (21).
Според пишувањата на американските медиуми, Пери ништо не ѝ оставил на својата вереница Венди Мадсон Бауер (44) која работи како терапевт, а порано била и актерка.
Лук и Внеди својата врска долго време ја криеле од јавноста. Двајцата многу ретко се појавувале заедно, а молчеле дури и кога ги размениле нивните завети. Светските медиуми пишуваат дека таа била со Пери во последните моменти од неговиот живот.
Пери минатата недела доживеа мозочен удар, а во понеделникот починал во болница. Со него, покрај Венди, биле и неговите деца и поранешната сопруга Мини Шарп. Меѓу присутните била и неговата мајка Ен Бенет, неговиот очув Стив Бенет, брат му Том Пери, сестра му Еми Кодер, и голем број блиски пријатели.
Текстот Лук Пери целото богатство го оставил на децата, за вереницата ништо е превземен од Reporter.mk.