Лука Циндриќ ќе стане татко

Поранешниот ракометар на „Вардар“, Лука Циндриќ, чека бебе. Тој откри дека неговата девојка, Лара Стипетиќ, е бремена и дека на почетокот на април ќе станат родители. Лука и Лара се во врска долги години, а се запознале во Огулин, каде што се родени двајцата. Лара е поранешна ракометарка, а кариерата ја прекинала пред неколку години.

Циндриќ (26), кој сега е член на „Барселона“, два пати беше прогласен за најдобар хрвтски ракометар, во 2017 и 2018 година. Тој во моментов игра на Европското првенство во ракомет. Со хрватската репрезентација веќе се пласира во полуфиналето, откако победија во првите два натпревари од второто коло на првенството. Хрватска вечерва ќе го игра последниот натпревар од второто коло, против репрезентацијата на Чешка.

 

 

Текстот Лука Циндриќ ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.