Сопругот на српската пејачка Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ, бил во врска со Софија Рајовиќ уште од 2015 година, а романсата ја обновиле кога Наташа ја добила ќеркичката Катја, пренесува српски „Блиц“.
Лука за време додека бил во брак со Наташа, излегувал секоја вечер и ја изневерувал пејачката. Српски „Блиц“ пишува дека откако ја добиле со Наташа ќеркичката Катја, Лука ја изневерил со актерката и водителката Софија Рајовиќ.
„Лука и Софија се во врска од 2015 година, но никој не знае за тоа освен нивните блиски пријатели. Тој во тоа време не и беше познат на јавноста, па можеше слободно да се појавува во јавност со Софија. Не знам колку долго биле заедно, но Софија премногу зборуваше за него во тој период, вели нивниот извор.
Софија и Лука и понатаму останале во контакт.
„Тие останаа во контакт бидејќи имаат некои заеднички пријатели. Романсата ја обновија непосредно откако Наташа се породи со Катја. Не знам колку траела врската, но не се појавуваа во јавност. На Лука и на Софија секако нема да им биде драго што оваа приказна излезе во јавност“, додава изворот.