Лука Лазукиќ оди во затвор заради Беквалац

Една година откако српската пејачка Наташа Беквалац го пријави сопругот Лука Лазукиќ за семејно насилство, оти ја натепал, судот во Белград пресуди во нејзина полза. Поранешниот маж на пејачката е осуден на осум месеци затвор и три години условна казна.

„За мене е посебен ден денес. Ден на вистината и на победата на љубовта за мене и за моите деца“, рекла Беквалац по судењето.

Задоволен од пресудата бил и нејзиниот адвокат.

„Лука доби казна од осум месеци затвор, односно условна казна на три години. Тоа значи дека ваквото кривично дело не смее да се повтори во следните три години, а ако го повтори делото, тогаш ќе лежи осум месеци во затвор. Одлуката на судот докажува дека мојата клиентка ја зборуваше вистината и дека е направено кривично дело“,  рекол за „Блиц“ адвокатот на пејачката.

На судењето што траело неколку часа, Лука не го сменил своето сведочење и тврдел дека не ја нападнал Наташа. Освен што добил условна казна затвор, судот му ја продолжил и мерката со која му се забранува да ѝ се приближи на пејачката.

 

Текстот Лука Лазукиќ оди во затвор заради Беквалац е превземен од Reporter.mk.