Наташа Беквалац оваа година нема да ги носи ќерките Хана и Катја на летување. Потребна и е дозвола да го пренесе бебето преку гранца од сеуште законски нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ, со кого се суди поради семејно насилство.
Пејачката планирала по стресниот период, на крајот на летото да отпатува со девојчињата на море во Грција, но тоа нема да се оствари. Како што пренесуваат медиумите, Наташа не сака од Лука да бара било што, ниту пак сака да го види на суд.
„Наташа силно сакала ќерката да ја однесе на летување на крајот на август затоа што тогаш ќе има неколку слободни денови по летната турнеја. Гледала некој аранжамани и за малку ќе уплатела сместување во хотел на еден грчки остров. Но тогаш сепак се одлучила дека нема да бара дозвола од Лука за да го изнесе бебето преку граница“, вели извор близок до Наташа.
„Прво мора да поднесе барање во судот, кој таткото на девојчето, во овој случај Лазукиќ, мора да го одобри. Таа навистина не сака да влезе во никакви дополнителни разговори и преговори со него, ниту пак да го сретне на суд, освен ако навистина мора, па се откажала од летувањето. Хана била многу разочарана затоа што тие веќе го испланираа од претходно патувањето на море, но Ната и ветила дека сето ова ќе и го надокнади. Наташа навистина не е во состојба повторно да се сретне со Лука, ниту да го моли или да бара што било од него“, вели изворот.
Од друга страна, Наташа никогаш немала проблем со првиот сопруг Икодиновиќ, кога била во прашање нивната ќерка Хана. Тој дури и не и ни бранел нејзиниот втор сопруг Љуба Јовановиќ, додека бил во брак со пејачката, да го води сам детето на море, па дури и на него му давал дозвола.
„Тоа е дополнително друга приказна. Икодиновиќ секогаш имал разбирање и за Наташа и за Хана. Секогаш и дозволувал таа да ја води на патувања и никогаш не и правел проблем. А и таа со него имал коректна комуникација кога била во прашање нивната ќерка. Со Лука е поинаква ситуацијата поради сето ова што се случи. Пејачката на ќерките одморот ќе им го надоканде на поинаков начин. Таа комплетно го средила базенот во Чење, а сигурно е дека ќе отпатува во некои од аква парковите во Србија. Катја е мала, па следната година, ако се заврши како што треба на суд меѓу нејзините родители, тројцата ќе заминат на одмор“, вели изворот и додава дека Лазукиќ досега ниту еднаш, откако се развеле, не побарал да ја види Катја.
По овој повод, Наташа се нема огласено.
Наташа и Лука повторно ќе се најдат на суд на 20 јули. Тогаш Лука пред судијата треба да ја изнесе својата одбрана.