Поп-ѕвездата Мадона го одложи објавувањето на нејзиниот 14. студиски албум за догодина. Иако претходно изјави дека албумот ќе го промовира до крајот на оваа година, преку „Твитер“ откри дека песните не се готови и дека публиката ќе мора да почека. Претходниот албум на Мадона Rebel Heart беше промовиран во 2015 година.
„Меѓу спрејовите со рози и серуми, всушност се занимавам и со музика. Не можам да се откажам од својата професија“, изјави 60-годишната Мадона во едно скорешно интервју.
Новиот албум на Мадона ќе биде под влијание на португалската музика, а во спотовите ќе учествуваат португалски музичари. Пејачката од лани живее во Лисабон, бидејќи нејзиниот 12-годишен син Дејвид, беше примен во фудбалското училиште на „Бенфика“.
„Инспирацијата е фадото, музиката што ме маѓепса“, рече таа.
Текстот Мадона ја одложи промоцијата на новиот албум е превземен од Reporter.mk.