Мадона нема да заработи од вечерашниот настап на Евровизија, туку ќе додаде свои пари за да има совршен настап во Тел Авив, пишува британскиот весник „Сан“. Иако канадско-израелскиот милионер Саливан Адамс даде еден милион долари за таа да испее две песни, тоа не ги покрива трошоците, стои во текстот.
„Мадона сака да има врвен настап за кој ќе се сборува со години, па трошоците се многу повисоко и од парите што ги добива. Остатокот го плаќа од свој џеб, па на крајот излегува дека ќе пее со загуба“, рекол извор близок до поп-кралицата.
Според „Сан“, Мадона во Израел не ја придружуваат 175 луѓе, туку само најблиските соработници и неколку луѓе што се грижат за нејзиниот изглед. На цената нема да има 40 придружни вокали, туку хор од 35 луѓе.
„Сите сензационалистички наслови само покажуваат дека и на 60 години Мадона знае како да доминира во поп-културата во светот“, рекол истиот извор за „Сан“.
Мадона вечерва во финалето на Евровизија во Израел ќе има мини шоу, а ќе ги испее песните хитот Like a Virgin и Future од новиот албум Madame X.
Текстот Мадона нема да заработи од Евровизија, сама плаќа за настапот е превземен од Reporter.mk.