Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна на финалето во Тел Авив, Израел.
Таа треба да испее две песни, Like a prayer и новата песна Future.
Раперот Кову, хор од 40 лица, 25 танчери и десетици короеграфи ја придружуваат Мадона за настапот в сабота.
Таа веќе ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, коj додаде дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.
Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“.
Текстот Мадона пристигна во Израел со 30 тони опрема е превземен од Reporter.mk.