Виолинистката Ева Богоевска вчера имаше успешен солистички концерт во Американската катедрала во Париз. Покрај неа, на сцената беше и нејзиниот пијано-соработник Весна Ангелова Христов.
Ева, освен во Париз, има настапувано и во Италија во „Опера хаус“.
Парижани уживаа во делата на Бетовен, Моцарт и Сен Санс. Меѓу 400-те посетители се најдоа и почесните гости, Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција во Македонија, и нашата амбасадорка во Франција, Јадранка Чаушевска Димов.
Денеска амбасадорот Чаушевска се очекува да ги прими Богоевска и Ангелова.
Текстот Маестрален концерт на виолинистката Ева Богоевска во Париз е превземен од Reporter.mk.